Втора лигаФудбал

Беласица со четири нови засилувања пред стартот на сезоната: Мемеди, Спасов, Танчев и Емуш пристигнаа во Струмица

Сподели
Сподели

Беласица продолжува да го гради ростерот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, а струмичкиот клуб официјално ги потврди четирите нови имиња кои ќе бидат дел од екипата.

Станува збор за Рон Мемеди, Давид Спасов, Михаил Танчев и Елмаз Емуш, офанзивно ориентирани фудбалери од кои во Беласица очекуваат дополнителен квалитет и поголема конкуренција во нападот.

Најмлад меѓу новите играчи е 16-годишниот Рон Мемеди. Тој пристигнува од Шкендија Арачиново, а претходно бил дел од Албион и Бутел 2017, каде што ги направил првите фудбалски чекори. Мемеди е централен напаѓач, но може да одговори и на крилните позиции, а воедно е и македонски репрезентативец.

Давид Спасов има 21 година и во Беласица доаѓа од Слога Виница. Станува збор за офанзивен фудбалер кој може да покрива повеќе позиции, а во досегашната кариера настапувал и за Вардар Неготино, Брера Струмица, Брегалница Штип и Каменица Саса.

Во ростерот на струмичани пристигнува и 19-годишниот Михаил Танчев, кој доаѓа од Каменица Саса. Танчев е фудбалер кој ги покрива крилните позиции, а претходно бил дел од Кожуф, српскиот Раднички Ниш и скопски Вардар, каде што и ја започнал кариерата.



Четврто ново име е Елмаз Емуш. 19-годишниот офанзивец во Беласица пристигнува од Преспа од Ресен, која минатата сезона се натпреваруваше во Втората лига. Емуш е фудбалер кој игра на крилните позиции, а во кариерата настапувал и за Вардарски, Караорман, својот матичен клуб, Струга Трим Лум, Јанг Тим и Фламуртари.

Од Беласица очекуваат четворицата нови играчи да донесат свежина, квалитет и поголеми офанзивни можности во тимот во пресрет на новата сезона.

Струмичани нема да чекаат долго за првиот официјален тест. Беласица новата сезона во Втората лига ја започнува утре, на домашен терен, против Осогово, што ќе биде прва можност новите засилувања да го покажат својот потенцијал во црвено-белиот дрес.



Претходно, клубот од Струмица се засили со Димитриј Димитриевски и Лука Варошаноски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид, Алкалоид и Бутел ги чекаат европските ривали: Утре е денот на ждрепката!

По комплетирањето на првото коло во ЕХФ Европскиот куп, познати се сите 64 екипи кои ќе ја продолжат битката во второто коло. Меѓу...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Мелиќи: Привилегија е да бидам дел од А репрезентацијата, против Швајцарија ќе дадеме максимум

Прв повик во А репрезентацијата доби и Анес Мелиќи, фудбалерот на Шкендија. За младиот играч, повикот меѓу најдобрите е голема чест, но воедно...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!