Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во Куршумлијска Бања, откако во првото коло загуби од Русинката Варвара Паншина со 2-0 во сетови (6:3, 6:2) по 95 минути игра.
Паншина одлично го започна мечот и со два брејка во првите пет гема поведе со 4:1. Ѓорческа успеа да врати еден брејк, но двете тенисерки до крајот на сетот направија по уште еден, па Русинката го освои со 6:3.
Во вториот сет Паншина повторно беше подобра во клучните моменти. Таа направи два брејка, додека Ѓорческа не успеа да возврати, па Русинката со 6:2 го потврди пласманот во следното коло.
За Ѓорческа следен предизвик ќе биде настапот во квалификациите за УС Опен, кои започнуваат на 24 август.