Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од третата рунда на Првата македонска фудбалска лига.
Колото се отвара утре во Гостивар со мечот меѓу Арсими и Башкими од 16:30 часот, каде за правдата ќе биде задолжен Александар Василевски, а негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Мартин Дејаноски, а пак четврт судија ќе биде Фуркан Идризи.
Во ВАР собата ќе бидат Фатмир Бафто и Мишо Ѓорѓиески, а пак Дејан Костовски ќе биде оператор за повторување на снимка. Делегат на средбата ќе биде Жанко Савов, а пак контролор е Љубе Ристевски.
В сабота се играат два меча. Од 16 часот во Кратово ќе се сретнат Силекс и Скопје, а Благојче Ралевски ќе ја дели правдата, а ќе асистираат Николче Дрнковски и Петар Степановски, а пак Стојанче Стојанов ќе биде четврти судија.
Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Фуркан Идризи, оператор за повторување на снимка ќе биде Жарко Пејковски.
Делегат на мечот ќе биде Столе Тошев, а контролор ќе биде Иса Емурли.
Половина час подоцна во Кавадарци ќе стартува средбата меѓу Тиквеш и Шкендија Арачиново, каде Јован Качевски ќе биде главен арбитар, а ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиески и Климент Ристоски, а пак четврти судија е Владимир Ѓорѓиевски.
ВАР судија ќе биде Александар Урошевиќ, а АВАР ќе биде Дарко Видиниќ, оператор за повторување на снимка ќе биде Матерј Димитриевски.
Делегат ќе биде Кочо Зердески, а пак контролор ќе биде Игор Ширилов.
Во недела ќе бидат одиграни две средби. Од 16:30 часот ќе се игра средбата меѓу Струга Трим Лум и Вардар, каде Доне Ристовски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Драган Трпчевски и Душко Панов, а пак Боби Величков ќе биде четврти судија.
Во ВАР собата ќе бидат Стојанче Трпчевски и Мартин Дејаноски, а пак оператор за повторување на снимка е Виктор Васев.
Делегат на средбата ќе биде Марјан Пишмановски, а контролор ќе биде Сашо Лазаревски.
Колото се затвара со средбата меѓу Шкендија и Брегалница кој се игра на теренот на ФФМ во Скопје од 19 часот. Главен судија ќе биде Влатко Илиоски, а пак Борис Трајков и Дино Конески ќе бидат помошници, додека Марјан Дејаноски ќе биде четврти судија.
ВАР судија ќе биде Никола Костенчев, а пак Гоце Петрески е АВАР судија, оператор за повторување на снимка ќе биде Дена Стефков.
Делегат ќе биде Ненад Крстевски, а пак контролор ќе биде Дејан Неделкоски.