Прва лигаФудбал

Максимов: Шкендија можеби го има најдобриот тим во лигата, кај нас владее одлична атмосфера

Сподели
Сподели

Методи Максимов со гол се врати во Брегалница откако погоди против Арсими во високата победа од 4:0. Максимов ќе биде клучна алка за тимот во продолжението од сезоната.

Пред мечот од третото коло против Шкендија, Максимов вели дека Шкендија можеби го има најдобриот тим во лигата, дополни дека во соблекувалната на „сините“ владее одлична атмосфера.

„Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи професионалци, тоа беше многу значаен период во мојата кариера и многу ми помогнаа за мојот интернационален трансфер. Во недела очекувам исклучително тежок натпревар, можеби мала олеснителна околност за нас е фактот дека во меѓувреме тие настапуваат во Конференциската Лига и имаат тежок натпревар против Хиберниан од Шкотска. Кај нас владее одлична атмосфера, соблекувалната ја краси единство, позитива другарство и одлична атмосфера. Тоа за нас е голем плус за секој натпревар, вклучително и овој“, изјави Максимов.

Мечот меѓу Шкендија и Брегалница се игра в недела на теренот на ФФМ во Скопје од 19 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!