Турнири

За првпат во Охрид ќе се одржи OHRID WOMEN’S CUP: „И девојките играат фудбал“ – нов турнир за идните фудбалски ѕвезди

Сподели
Сподели

Охрид на 5 и 6 септември ќе биде домаќин на првото издание на OHRID WOMEN’S CUP, нов меѓународен турнир во женски фудбал кој има за цел промоција и развој на женскиот фудбал. Под мотото „И девојките играат фудбал“, на турнирот ќе настапат девојчиња родени од 2012 до 2015 година, кои ќе се натпреваруваат во една генерација.

Натпреварите ќе се играат на терените на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, во формат 8+1, со неограничено право на измени. Секој натпревар ќе трае 2×20 минути, со пауза од пет минути меѓу двете полувремиња.

Турнирот ќе започне во сабота, 5 септември, во попладневните часови со натпреварите од групната фаза. Во зависност од бројот на пријавени екипи, целата групна фаза може да биде одиграна во сабота, или последното коло да се комплетира во недела наутро, по што ќе следуваат елиминациските натпревари и големото финале.

Покрај спортскиот дел, организаторите ќе се погрижат учесничките да понесат и незаборавни спомени од бисерот на Македонија. По завршувањето на натпреварите ќе биде организирано време за дружење, плажа, капење во Охридското Езеро и забава, каде девојките ќе имаат можност меѓусебно да се запознаат, а клубовите да воспостават нови спортски пријателства и соработка за во иднина.

Охрид, како еден од најубавите туристички центри на Балканот, нуди одлични услови не само за фудбал, туку и за прошетка, одмор и забава, што дополнително ќе придонесе турнирот да биде вистинско спортско и туристичко доживување за сите учесници.



Организаторите најавуваат дека турнирот е отворен и за екипи од странство, покрај клубовите од Македонија, со што OHRID WOMEN’S CUP има амбиција уште од своето прво издание да добие меѓународен карактер.

За сите учеснички се обезбедени медали, додека екипите што ќе ги освојат првото, второто и третото место ќе добијат и пехари покрај медалите.

Дополнителна вредност на турнирот ќе биде и медиумската промоција. Секоја екипа учесник ќе добие медиумска поддршка од Спортска Мрежа во текот на 2026 година, а за време на турнирот ќе биде организиран и Media Corner, каде секоја екипа, тренер и фудбалерка ќе може да даде изјава или интервју.



Пријавувањето е во тек, а сите заинтересирани клубови можат да се информираат и да се пријават на следните телефонски броеви:

📞 Контакт:

078 646 698 – Александар
070 223 521 – Јовче

Со OHRID WOMEN’S CUP, Охрид добива уште еден значаен спортски настан, кој има јасна цел – да го афирмира женскиот фудбал, да им овозможи на младите фудбалерки нови искуства и да испрати силна порака дека „И девојките играат фудбал“.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!