Останато

Обрад Марковски со нова титула во двојки на ИТФ турнирот во Куршумлијска Бања

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонскиот тенисер Обрад Марковски заедно со српскиот тенисер Марко Милосављевиќ го освоија трофејот во конкуренција на двојки на ИТФ М15 турнирот во Куршумлијска Бања. За Марковски ова е трето финале во двојки оваа сезона и втора освоена титула.

Македонско-српската комбинација до трофејот стигна со четири убедливи победи. Во првото коло беа подобри од Италијанците Леандро Катанео и Матиас Пиасну со 2-0 во сетови (6:3, 6:1), а во четвртфиналето ги елиминираа третите носители, Себастијано Кокола и Лоренцо Комино, исто така со максимални 2-0 (7:5, 6:2).

Во полуфиналето Марковски и Милосављевиќ ги совладаа Холанѓаните Џулиус Булт и Елгин Коблал со 6:3 и 6:4, додека во финалето беа подобри од вторите носители, Никита Белозерцев од Узбекистан и Иван Грецки од Русија, победувајќи со 7:5 и 6:2.

Ова е втора титула за Марковски во двојки во текот на 2026 година, откако претходно триумфираше на ИТФ турнирот во Скопје во тандем со Горазд Србљак.

Интересно е што Марковски и минатата година играше финале во Куршумлијска Бања, тогаш во двојка со Никола Јовиќ од Србија, додека својата прва ИТФ титула во конкуренција на двојки ја освои во 2024 година, повторно во Куршумлијска Бања, заедно со Стефан Латиновиќ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната беше отворена ефикасно со дури шест погодоци. Пчиња победнички тргна откако...

Поврзани написи
Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

Останато

Ѓорческа загуби во второто коло на турнирот во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да го мине второто коло...

Останато

Ѓорческа ја елиминира седмата носителка и обезбеди второ коло во Анталија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ВТА 125...

Останато

Бучим Радовиш со Зајков, Усеинов и Атанасов на силниот „President Cup“ во Белград

Меѓународниот боречки турнир „President Cup“ денеска започнува во Белград, Србија, а на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!