Ракомет

НОВА ЕРА ВО БИТОЛА: Лино Червар ја стартуваше мисијата со Еурофарм Пелистер!

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона. Со првиот работен состанок и прозивката на ракометарите, битолскиот тим означи почеток на новото поглавје, кое ќе биде предводено од искусниот хрватски стратег Лино Червар.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Червар, на првата средба им се обрати на ракометарите, го претстави планот за подготовките и ги мотивираше своите избраници, посакувајќи им пред сѐ добро здравје и успешна сезона исполнета со резултати.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Пред стартот на интензивниот тренажен процес, екипата денес ќе има заедничка вечера, а во следните два дена ќе ги реализира задолжителните медицински прегледи и тестирања.

Во новата сезона Еурофарм Пелистер ќе изгледа значително поинаку. Нови имиња во ростерот се Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе, кои ќе треба да донесат дополнителен квалитет и свежина во тимот.

Од друга страна, клубот се раздели со Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков, па стручниот штаб ќе работи на што побрза адаптација на новите ракометари.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер

Според програмата, пелистерци првата недела од подготовките ќе ја одработат во Битола, по што ќе се преселат во Словенија, каде ќе ја реализираат базичната фаза и ќе ги постават темелите за предизвиците што ги очекуваат во сезоната 2026/27, во домашните натпреварувања и на европската сцена.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат го освои женскиот Суперкуп „Драган Василов – Цевка“. Актуелниот шампион во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!