Ракомет

По три сезони, крај на соработката– Манасков си заминува од Еурофарм Пелистер

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер | АРХИВА
Сподели

Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона без едно од своите најискусни крила. Поранешниот македонски репрезентативец Дејан Манасков и битолскиот клуб нема да ја продолжат соработката, па по три сезони минати во зелено-белиот дрес, нивните патишта се разделуваат.

Манасков беше еден од најстандардните и најзабележителните ракометари во составот на Еурофарм Пелистер во изминатата сезона, но двете страни не успеаја да се договорат за продолжување на договорот. Искусното лево крило сега ќе биде во потрага по нов клуб за продолжување на кариерата.

Со неговото заминување, битолскиот тим на левата крилна позиција ќе смета на Цветан Кузманоски и Петар Атанасијевиќ, кои ќе ја носат конкуренцијата во претстојната сезона.

Манасков зад себе има богата и успешна кариера. На домашната сцена ги бранеше боите на Вардар, Металург и Еурофарм Пелистер, додека во странство настапуваше за германските Рајн Некар Левен и Вецлар, како и за унгарскиот великан Веспрем.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!