Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Унгарија и го забележа третиот пораз на Европското првенство

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во Ријека и Опатија. Во натпреварот од третото коло во групата „Д“, подобра беше селекцијата на Унгарија, која славеше со убедливи 86:63.

Унгарците уште од самиот почеток го наметнаа својот ритам и со одлична игра во првата четвртина создадоа висока предност од 21:6. Македонските кошаркари успеаја да се консолидираат во вториот период и го добија со 20:19, но на полувремето противникот сепак замина со сигурна предност од 40:26.

Во првите 20 минути Унгарија доминираше во скокот, а Македонија имаше 11 загубени топки и само една реализирана тројка. Најефикасен во нашиот состав до паузата беше Цветковски со девет поени.

Во второто полувреме Унгарците без поголеми проблеми ја контролираа играта. Во третата четвртина ја зголемија предноста на 20 поени (52:32), а до крајот не дозволија Македонија да се доближи резултатски.

Најефикасен во македонската репрезентација беше Цветковски со 22 поени, четири скока и четири асистенции. Сребров додаде осум, а Малиниќ седум поени.

Иако го запиша третиот пораз, настапот на шампионатот претставува значајно искуство за младата македонска селекција, која се натпреварува против силни европски репрезентации и стекнува драгоцено меѓународно искуство.

На Европското првенство утре е предвиден слободен ден, а Македонија ќе биде слободна и во четвртото коло. Последниот натпревар од групната фаза нашите јуниори ќе го одиграат на 29 јули од 10:30 часот против селекцијата на Шведска.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат го освои женскиот Суперкуп „Драган Василов – Цевка“. Актуелниот шампион во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!