Прва лигаФудбал

Алексовски: Вардар е фаворит, но верувам во нашиот квалитет да избориме позитивен резултат

Сподели
Сподели

Брегалница по двегодишна пауза повторно ќе настапува во Првата македонска фудбалска лига. Штипските „сини“ се вратија во елитното друштво откако минатата сезона го освоија првото место во Втората лига, а новиот прволигашки предизвик го започнуваат со едно од најтешките гостувања – против актуелниот шампион Вардар на Националната арена „Тодор Проески“.

Ждрепката не беше наклонета кон Брегалница, која уште во првото коло ќе се соочи со еден од главните кандидати за шампионската титула. Сепак, во штипскиот табор владее оптимизам дека со максимална борбеност можат да стигнат до позитивен резултат.

Новото засилување Филип Алексовски ги сподели своите први впечатоци по пристигнувањето во Брегалница, истакнувајќи дека брзо се вклопил во екипата и дека очекува тежок, но квалитетен натпревар против Вардар.

„Среќен сум што сум дел од овој клуб. Од првиот ден сум одлично прифатен од соиграчите, стручниот штаб и сите во клубот, па тоа многу ми го олесни прилагодувањето. Очекувам да имаме успешна сезона како тим, да бидеме конкурентни на секој натпревар и да ги оствариме целите на клубот. Лично, се чувствувам максимално спремен и подготвен за тимот, ќе дадам максимум на секој тренинг и натпревар за да му помогнам на тимот и се надевам дека ќе постигнам многу голови со кои ќе ги израдувам навивачите. За натпреварот со Вардар знаеме дека нѐ очекува тежок противник, Вардар е фаворит, но верувам во нашиот квалитет и ако го дадеме максимумот, можеме да дојдеме до позитивен резултат на денешното гостување“, изјави Филип Алексовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!