Прва лигаФудбал

Новата сезона во Прва лига се отвара во Кавадарци, Шкендија против Скопје во вечерен термин

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Новата сезона 2026/2027 во Првата македонска фудбалска лига ќе биде отворена во Кавадарци, каде ќе се одигра натпреварот меѓу Тиквеш и Арсими, а кој меч е закажан за петок од 17 часот.

Саботната програма нуди два натпревари. Шампионот Вардар на домашен терен ќе игра против штипска Брегалница, а пак Струга Трим Лум ќе се соочи со Шкендија Арачиново.

Двата натпревари ќе започнат во 17 часот.

Во недела ќе бидат одиграни два натпревари. Во 17 часот ќе се игра мечот во Кратово меѓу Силекс и Башкими, а во вечерен термин без публика ќе се одигра натпреварот меѓу Шкендија и Скопје, меч кој ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Причината за овој натпревар да се одигра во Скопје, наместо во Тетово е реконструкцијата на нивниот стадион, а ќе се игра без публика поради суспензијата од страна на Дисциплинската комисија на четири домашни натпревари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!