Втора лигаФудбал

Второлигашот Новаци го промовираше Никола Талески

Сподели
Сподели



Второлигашот Новаци го промовираше шестото летно засилување, откако беше договорена соработка со напаѓачот Никола Талески.

21-годишниот фудбалер доаѓа од тимот на Брегалница, а прилепчанецот низ неговата кариера настапуваше за Слога Виница, Брера, Беласица и Победа. Во Првата македонска фудбалска лига има забележано осум настапи, како и четири настапи во Купот на Македонија.

Покрај Талески, Новаци се засили и со Мартин Димоски – Робен, Петар Гугуљанов, Кирил Стојков, Стефан Спировски и Андреј Сиљаноски.

Новаци веќе одигра еден пријателски меч кој го загуби од Охрид со минимални 1:0 на „Билјанини Извори“, меч кој можевте да го следите во живо на Спортска Мрежа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски го облекува дресот на тимот од Јосифово за сезона 2026/2027. 20-годишниот...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот вицешампион во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!