Втора лигаФудбал

Охрид со висок триумф над албанскиот второлигаш Орикум

Сподели
Сподели

Македонскиот второлигаш Охрид забележа висока победа од 3:1 над албанскиот второлигаш Орикум кој беше одигра на СРЦ „Билјанини Извори“.

Во меч каде „рибарите“ одиграа фантастичен натпревар, Дамјан Масевски одново беше стрелец, кој погоди и на пријателската против Новаци, а стрелци беа и Валентин Кочоски и Благоја Спиркоски.

Претходно, Охрид со минимални 1:0 го доби Новаци во меч кој директно можевте да го следите во живо на Спортска Мрежа.

„Рибарите“ склопи квалитетен ростер и ќе атакуваат на влез во Првата македонска фудбалска лига, а новата сезона која стартува на 15 август ја отвараат против Новаци на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!