Македонскиот одбојкарски шампион продолжува да го крои ростерот за новата сезона, откако тимот на Кристиан Ристески ја продолжи соработката со четири играчи.
Штип УГД ја продолжи соработката со искусното репрезентативно либеро Костадин Ричлиев и новопечениот македонски репрезентативец Махди Задмард, како и со капитенот Ѓорги Крстевски, кој стави потпис на една година, како и со бразилскиот интернационалец Леандро Џуниор, за уште една година.
Инаку, претходно Штип УГД ја продолжи соработката на една година со Михајло Мирасчиев, а пак на три години со Стојче Арсов.
Македонскиот шампион во квалификациите за Лигата на шампиони ќе се соочи со првакот на Холандија, Орион Старс.