Втора лигаФудбал

Шкупи в среда ги започнува подготовки за Втора лига, со нов сопственок, но и големи долгови

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Второлигашот Шкупи официјално ја заврши постапката за промена на сопственичката структура и со тоа отвора ново поглавје во своето функционирање. Клубот доби нов сопственик, откако Беким Бафтјари стана сопственик на 100 проценти од акциите.

Од клубот информираат дека процесот траел подолг период, бидејќи покрај стабилизацијата на клубот, било неопходно целосно да се завршат и сите административни и документациски процедури.

Со решавањето на сопственичката структура, раководството веќе ги насочува активностите кон новата натпреварувачка сезона. Подготовките за настап во Втората македонска фудбалска лига започнуваат во среда, а клубот постепено го комплетира планот за претстојните предизвици.

Од Шкупи потенцираат дека нема да даваат нереални ветувања, бидејќи наследените долгови остануваат сериозен товар кој ќе бара време и посветена работа за да биде надминат. Сепак, во клубот владее оптимизам дека со транспарентност, одговорен пристап и континуирана работа ќе се создадат услови за стабилно функционирање.

Во сезоната што следува, Шкупи ќе се потпира пред сè на фудбалерите од сопствената академија, додека стручниот штаб прифатил да биде дел од процесот на обновување и да помогне во еден од најпредизвикувачките периоди во поновата историја на клубот.



Воедно, од раководството упатија повик до сите поранешни членови, навивачи, пријатели и поддржувачи да се вклучат и да придонесат во враќањето на клубот на вистинскиот пат, нагласувајќи дека Шкупи е клуб кој им припаѓа на сите.

Со новата сопственичка структура и почетокот на подготовките, Шкупи ќе се обиде да постави цврсти темели за подобра иднина и успешен настап во новата второлигашка сезона.

Минатата сезона Шкупи како последнопласиран со еден бод испадна од Прва во Втора лига, по тешка и турбулентна сезона.



Сподели

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!