Поранешниот шампион на Македонија, ЖФК Истатов ги започна подготовките за новата сезона во Првата женска фудбалска лига, откако стратегот Кирил Изов ја имаше првата прозивка.
„Истатовки“ се собраа и по првиот состанок го одработија првиот тренинг во рамки на летните подготовки за новата сезона 2026/2027.
Минатата сезона ЖФК Истатов заврши на третото место во шампионатот и водеше борба за втората позиција, со што зад себе клубот има успешна сезона.


Во летниот преоден рок ќе бидат одиграни пријателски натпревари низ кој Изов ќе има можност да провери како оди подигањето на формата.

