Прва женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: ЖФК Тиверија Брера ги „запали моторите“ – освојувачот на Купот на Македонија со прв тренинг

Сподели
ФОТО: ЖФК Тиверија Брера
Сподели

Прволигашот Тиверија Брера денес ги започна подготовките за новата сезона во Првата женска фудбалска лига. Освојувачот на Купот на Македонија денес го имаше првиот тренинг на теренот со вештачка трева во Струмица со што стратегот Славе Велков означи почеток на летните подготовки.

Овој подготвителен период како што потенцираат од струмичкиот клуб ќе биде можност и за неколку талентирани девојка од школата да се приклучат на тренинзите на сениорскиот тим.

„На овој начин сакаме да ги наградиме за нивната посветеност, труд и напорна работа, но и постепено да ги подготвуваме за чекорот кон сениорскиот фудбал. Во нашиот клуб, развојот на младите фудбалерки е приоритет, а патот од школата до првиот тим е реална можност за секоја девојка која работи посветено“, велат од ЖФК Тиверија Брера.

ФОТО: ЖФК Тиверија Брера

Минатата сезона Тиверија Брера завршија на второто место во шампионатот, а го освои Купот на Македонија, откако во финалето славеше над Каменица Саса.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!