Турнири

ФОТО: Луд меч на Техногума Мела Рент и Перо и Тајфата, Џоле Транс Коп и Динамо Штип убедливи

Сподели
Сподели

Вечерва на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ беа одиграни четири натпревари кои направија вистински „дожд“ од погодоци.

Уште на првиот меч се виде дека ќе биде богата вечер од аспект на погодоци, тимот на Џоле Транс Коп со неверојатни 1:8 го совлада составот на Супер Термини.

Во вториот меч Супер Термини доживеа уште еден пораз овој пат од Динамо Штип со 3:8.

Третиот меч помина во знакот на најатрактивниот, најнеизвесниот и меч кој го носи приматот на „луд натпревар“. Техногума Мела Рент загуби од Перо и Тајфата со резултат од 7:8, што беше вистинска драма за публиката која вечерва беше во Чардаклија.

Четвртиот меч беше во знак на доминација на екипата на Фаланга Штип која со 2:6 го доби тимот на Радање. Сердар Косовали од тимот на Фаланга Штип го постигна најдобриот гол и ги собра аплаузите на присутните.

Утрешниот ден на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ ќе биде слободен поради финалето на Светското првенство во фудбал.

Возбудувањата продолжуваат во понеделник со нови четири натпревари.

20:00 часот Перо и Тајфата – Шампиони
20:50 часот Радање – КМФ Кратово
21:40 часот КМФ Кратово – Камлес Градба
22:30 часот Камлес Градба – Meta Pixels

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

4

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!