Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Минимален пораз на кадетите на првиот контролен натпревар во Бугарија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката кадетска репрезентација на Македонија претрпе тесен пораз од Бугарија со 65:64 во првиот контролен натпревар одигран во Софија, во рамките на подготовките за претстојните репрезентативни настапи.

Во текот на целиот натпревар се водеше неизвесна борба, а двете селекции постојано беа резултатски блиску. На крајот, домаќинот успеа да слави со минимална предност и да го добие првиот од двата договорени контролни дуели.

Селекторот Дејан Стојановски им укажа доверба на сите 12 кошаркари, а најдобар поединец во македонскиот состав беше Дион Шабани. Тој оствари „дабл-дабл“ учинок со 21 поен и 11 скока, а натпреварот го заврши и со три освоени топки и две асистенции.

Двоцифрен ефект имаа и Зунзуровски со 12 поени, како и Котевски, кој запиша 11 поени и шест скока.

Македонските кадети ќе имаат можност за поправен веќе утре, кога во Софија ќе го одиграат вториот контролен натпревар против репрезентацијата на Ирска. Тој дуел ќе биде и последна проверка пред следните репрезентативни предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Муслиу: Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот

Во единаесет дена македонската фудбалска репрезентација игра четири меча, утре во Луцерн...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У18 минимално поразена од Црна Гора во Охрид

Репрезентацијата на Македонија до 18 години со минимални 0:1 загуби од Црна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!