Турнири

Вечерва стартува четвртфиналето на турнирот „Петровден 2026“ во Мешеишта

Сподели
Сподели

Од вечерва започнува четвртфиналната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ кој се игра во Мешеишта.

Вечерната програма нуди два натпревари, а возбудувањата започнуваат во 21 часот со натпреварот меѓу АСП Пак и Аце Најдески, а еден час подоцна Златара Бени Ерол ќе се соочи со Чардак Велгошти.

Утре ќе има нови два натпревари во ист термин. Од 21 часот Хотел и Спа Инекс Олгица против Охридски Бисер Филеви, а од 22 часот Сатеска на мегдан против Др. Баткоски.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој турнир, кој го има своето 51. издание.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига

Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги започна подготовките за новата сезона. Битолчани имаат една јасно поставена цел...

Турнири

Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски се „распукаа“ за влез во полуфиналето на „Петровден 2026“ во Мешеишта

Екипите на Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски многу лесно се пласираа во големото полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден...

Поврзани написи
Турнири

Вечерва спектакл на турнирот во Конче – дерби натпревари кои задолжително треба да се проследат!

Турнирот во мал фудбал во Конче продолжува со нова возбудлива вечер, во...

Турнири

ВИДЕО: АСП Пак преку пенали до полуфинале, Златар Бени Ерол лесно помина против Чардак Велгошти

Првите екипи кои обезбедија полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!