Турнири

Филеви до победа со шест гола, БЗ Група и Нова-пор со убедливи победи во Мешеишта

Сподели
Сподели

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта беа одиграни три мечеви, а на кои беа постигнати голем број на погодоци.

Уште на отварањето со првиот меч публиката проследи четири погодоци во убедливата победа над Нова-пор од 3:1 над Дооел Ноче, а во вториот меч екипата н БЗ Груп Струга со 0:3 славеше висока победа над Виена Комерц.

Во последниот меч на вечерва одново голем број на погодоци откако тимот на Охридски Бисер Филеви го доби составот на Аце Најдески со резултат од 1:6.

„Бисерите“ во вториот дел во целост го скршија отпорот на противникот и ја наполнија мрежата за голема победа.

Утрешната програмата нуди нови три средби. Првиот меч се игра во 20:30 часот, а се среќаваат Др. Баткоски и Киоск кај Бироно, еден час подоцна Кибо Пласт ќе го предизвикува Студио 13 од Ресен, а пак во 22:30 часот Чардак Велгошти оди на мегдан со Оровник.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден“ кој се игра во Мешеишта.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!