Младински фудбалТрета лигаФудбал

(ФОТО) Фудбалскиот терен во Василево блеска: ФА Христов создава идеални услови за развој на младите фудбалери

Сподели
Сподели

Фудбалскиот терен во Василево се наоѓа во одлична состојба и е подготвен да одговори на сите предизвици што ги носи новата натпреварувачка сезона. Благодарение на големиот ангажман и посветената работа на Фудбалската академија Христов, теренот моментално е во перфектна форма и нуди идеални услови како за тренинзи, така и за одигрување натпревари.

ФА Христов, предводена од фудбалерот Оливер Христов, во изминатиот период вложува максимални напори во одржувањето и унапредувањето на инфраструктурата, со цел младите фудбалери да имаат најдобри можни услови за работа и спортски развој.

Академијата, која гравитира на територијата на општина Василево, Струмица и околината, во своите редови има голем број млади фудбалери кои редовно учествуваат на домашни и меѓународни турнири. Последен во низата беше настапот на престижниот турнир „Охрид Куп“, каде младите надежи на ФА Христов забележаа значајни резултати и уште еднаш го потврдија квалитетот со кој располага академијата.

Дополнително значење за фудбалскиот терен во Василево носи и најавата за реактивирање на поранешниот третолигаш Василево, кој повторно ќе се врати на фудбалската карта на Македонија и ќе настапува во следната сезона.

Со враќањето на клубот, фудбалскиот терен во Василево ќе биде дом не само на младинските категории, туку и на сениорскиот фудбал, што дополнително ќе придонесе за развојот и популаризацијата на фудбалот во општината.

Благодарение на посветената работа на ФА Христов и ангажманот на сите вклучени, Василево добива современи и квалитетни услови за тренинзи и натпревари, што претставува одлична основа за создавање на нови фудбалски таленти и развој на спортот во регионот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!