Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Сподели
ФОТО: ФК Ржаничино
Сподели



Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата лига, а раководството на клубот веќе започна со формирање на тим кој ќе има задача да се бори за самиот врв на табелата.

Клубот најавува создавање на вистински „дрим-тим“, а во изминатиот период беа потврдени неколку значајни имиња кои треба да бидат носители на играта во новата сезона.

Најголемо засилување во нападот претставува ангажманот на искусниот Стефан Богдановски. Станува збор за фудбалер со богато искуство, кој во својата кариера настапуваше за екипите на Тетекс, Скопје, Работнички и Борец, а интернационално искуство стекнуваше и во словачките Трнава и Серед. Од Ржаничино очекуваат неговите голгетерски квалитети да бидат клучен фактор во борбата за висок пласман.

Покрај новото засилување, клубот успеа да го задржи и капитенот Иван Мицевски, кој и во новата сезона ќе го носи дресот на Ржаничино. Искусниот дефанзивец важи за еден од лидерите на тимот и столб на одбраната, а неговото останување претставува голем плус за амбициозниот проект на Ржаничино.

Дополнителна сила на крилните позиции ќе биде Огнен Здравковски, офанзивец со прволигашко педигре, кој го продолжи договорот со клубот. Здравковски е дете на Вардар, а во својата кариера има настапувано и во Првата македонска фудбалска лига, како и во Втората лига во дресот на Беласица. Неговата брзина, дриблинг и офанзивна креативност треба да донесат дополнителен квалитет во играта на Ржаничино.

Со ангажманот на Стефан Богдановски, задржувањето на капитенот Иван Мицевски и продолжувањето на соработката со Огнен Здравковски, Ржаничино јасно испраќа порака дека во новата сезона ќе атакува на самиот врв во Третата лига.

Во клубот не кријат дека целите се високи, а навивачите со нетрпение очекуваат нови победи и продолжување на позитивната приказна на Ржаничино.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!