Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Радовишкиот бисер Валентино Васев чекори кон големите фудбалски сцени: По Левски Софија следува и Црвена Звезда

Сподели
Сподели

Младиот фудбалер Валентино Васев од Радовиш, роден 2017 година, продолжува да го привлекува вниманието со својот талент и љубов кон фудбалот. Младиот фудбалер на ФК Азури од Радовиш зад себе има исклучително успешен период, исполнет со нови искуства и значајни признанија.

Почетокот на месец јуни за Васев беше особено успешен. Тој настапи на меѓународен турнир во Охрид, каде со своите игри остави одличен впечаток. По успешните настапи на турнирот следуваше нова голема можност – еднонеделни тренинзи во редовите на еден од најголемите бугарски клубови, Левски Софија.

За време на престојот во бугарската престолнина, младиот радовишанец тренираше со академијата на Левски Софија, стекнувајќи драгоцено искуство работејќи со професионални тренери и учествувајќи на четиридневен турнир.

По враќањето од Софија, Васев беше дел и од кампот на белградска Црвена Звезда, кој се одржа во Скопје. По девет интензивни тренинзи и натпревари, талентираниот фудбалер беше избран за најдобар играч на кампот, што претставува уште едно големо признание за неговиот талент и посветеност.

Како награда за одличните настапи, Валентино доби покана во август да тренира во Белград, во академијата на неговиот омилен клуб – Црвена Звезда, каде одблиску ќе ја почувствува магијата на професионалниот фудбал.

Интересно е што идолот на младиот Васев е португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо, додека покрај Црвена Звезда, тој навива и за италијанскиот гигант Јувентус. Кога станува збор за репрезентативен фудбал, негова омилена селекција е Португалија.

Младиот фудбалер истакнува дека учеството на вакви кампови и работата со професионални тренери му помагаат значително да напредува.

„Тренинзите со висок интензитет и работата со професионални тренери ми овозможуваат постојано да учам нови работи. Верувам дека ќе продолжам да напредувам и ќе бидам сè подобар и подобар“, вели Васев.

Со оглед на неговата посветеност, талент и желба за напредок, пред Валентино Васев сигурно претстојат уште многу убави фудбалски приказни, а радовишкиот спорт добива уште еден млад бисер кој ветува светла иднина.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!