Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Сподели
Сподели

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28 јуни во Торино, Италија. Турнирот е во организација на италијанскиот клуб Cit Turin LDE, со поддршка на програмата Erasmus+ Sport.

Велешанки се единствениот македонски претставник на оваа значајна спортска манифестација, на која учествуваат екипи од неколку држави. Покрај ЖФК Борец, на турнирот настапуваат и Cit Turin LDE, ASD Borgo Vittoria, Academia Torino и Torino FC од Италија, FC Tatran Prešov од Словачка, Grenoble Foot 38 од Франција, како и Selectivo San Diego од Соединетите Американски Држави.

Учеството на ваков силен меѓународен турнир претставува одлична можност за младите фудбалерки од Велес да стекнат нови искуства, да ги одмерат силите со реномирани европски и светски клубови, но и да придонесат во промоцијата на македонскиот женски фудбал на меѓународната сцена.

Во рамките на престојот во Торино, фудбалерките и стручниот штаб на ЖФК Борец имаа можност да го посетат стадионот „Алијанц“ и музејот на италијанскиот гигант Јувентус. Посетата на домот на еден од најголемите европски клубови претставуваше незаборавно искуство и дополнителен мотив за младите спортистки, кои одблиску се запознаа со богатата историја, традиција и бројните успеси на „старата дама“.

Дополнителна вредност на турнирот ќе даде и присуството на познатата италијанска репрезентативка и член на Јувентус, Барбара Бонансеа, која ќе биде специјален гостин на настанот. Таа ќе се сретне со младите фудбалерки од сите екипи учеснички, меѓу кои и членките на ЖФК Борец.

Настапот на велешкиот клуб во Торино уште еднаш покажува дека македонскиот женски фудбал има што да понуди и дека со напорна работа и посветеност може успешно да се претставува и надвор од границите на државата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на 8 октомври во „Јане Сандански“ гостува Висла Плок. Полскиот шампион во...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!