Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Сподели
Сподели

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта.

Првиот меч не се одигра, а екипата на АСП Пак истиот го добива со службени 3:0.

Во вториот меч беа постигнати пет погодоци за убедлив триумф на тимот на Кафе бар Слобода од Кичево кој со 4:1 славеше над Пејачката Софче Македонија.

Во третиот меч исто така беше забележа убедлива победа, откако Етно ресторан Дедо Димо со 1:6 го декласираше тимот на Киоск кај Бироно.

Утре на програмата ќе бидат нови три натпревари, а вечерта стартува во 20:30 часот. Кафе Бар Коко против Попоски Инженеринг Кафе Дома меч од групата B.

Вториот меч од истата група стартува еден час подоцна, а ќе се соочат Хотел и Спа Инекс Олгица против Томе Електрик.

Во последниот меч од групата F ќе се соочат Сатеска против АД Галеб, мечот ќе започне во 22:30 часот.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!