Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Сподели
Сподели

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални мечеви и еден меч од групата А, каде тимот на Бирлик Конче со неверојатни 11:0 го декласираше составот на Хасан Бум.

Екипата на Бирлик победнички го отвори турнирот и ги запиша првите три бодови на своето конто во групата А, каде ќе има силна конкуренција.

Вечерва беа одиграни два ревијални натпревари, со што турнирот уште еднаш потврдува дека е одлично организирај овозможувајќи вакви натпревари од рекреативен натпревар за уживање на публиката.

Возбудувањата продолжуваат и утре, но и во следните денови.

Утре на програмата се четири натпревари, а вечерта се отвара со мечот меѓу Ефеџан Мемо против Мена Транс од 20:00 часот. Од 21:45 ќе се соочат Дивино и Бирлик Конче, а веднаш потоа од 21:30 Дивино ќе игра против Хасан Бум.

Вечерта ќе биде затворен со мечот меѓу Интерпласт и Млади Талент од 22:15.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

Дејан Јакимовски е нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Дејан Јакимовски да биде назначен за нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ, на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Александар Таневски е нов селектор на Македонија У21

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Александар Таневски да биде нов селектор на македонската репрезентација до 21 година. Таневски досега...

Поврзани написи
Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

Турнири

БХС Груп Саждево го освои „Алмир Ибески Алмо 2026“ во Дебреште по пенал-драма со Пилана Жарко

Заврши Меморијалниот турнир „Алмир Ибески – Алмо 2026“, кој се одржа во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!