Турнири

Гранит Х со голема победа, пораз и триумф за „мечињата“ на турнирот во Мешеишта

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта, а на кои мечеви беа забележани многу погодоци, атрактивни натпревари и неизвесни моменти.

Гранит Х вечерва имаше доминантен меч против Гостилница кај Мече со триумф од 2:5 во групата Е.

Во рамки на групата Е исто така беше одигран уште еден меч кој овој пат екипата на Гостилница кај Мече славеше со 2:1 над Студио 13 од Ресен.

Во третиот меч имаше голема драма откако во регуларниот дел Сатеска и Златара Бени Ерол одиграа 1:1, а во ударите од белата точка подобра беше златарата за триумф од 2:3 во пенал рулетот, меч од групата F.

Веќе утре на програмата се нови три натпревари. Во првиот меч ќе се судрат АСП Пак и Топлина во рамки на групата А, а стартот е во 20:30 часот.

Еден час подоцна од истата група се игра мечот меѓу Кафе бар Слобода од Кичево против Пејачката Софче Македонија.

Во рамки на групата H од 22:30 часот ќе се соочат Киоск кај Бироно против Етно ресторан Дедо Димо.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!