Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Сподели
Сподели

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој на стартот понуди четири атрактивни натпревари со многу погодоци.

Првиот меч меѓу Фурна Марфи и Интерпласт беше вистинска драма во која двете екипи мораа да се задоволат со бод, откако одиграа 2:2. Многу шанси пропуштени, многу можности за погодок вреден три бода, но сепак конечниот исход беше поделба на бодовите.

Вториот меч понуди фантастични 22 погодоци за славје на Фурна Марфи од 13:9 над Млади Таленти, меч каде „сомуните“ беа искусни, а младите фудбалери постигнаа дури девет погодоци и ги собраа симпатиите и аплаузите на верната публика.

Веќе во третиот меч се виде жар и желба за три бодови, а среќен крај имаше за тимот на Парналија откако славеше со 1:3 над Липовиќ.

Турнирот официјално беше отворен по третиот меч со говор на градоначалникот Златко Ристов, а последни два меча беа вистинска атракција кај присутните.

Во последниот меч на вечерта екипата на Парналија одигра уште еден меч, но се виде заморот кај играчите и неможноста да парираат против Перо и Тајфата губејќи со резултат од 2:6.

Иако тимот на Парналија имаше предност од 2:0, сепак екипата на Перо и Тајфата започнаа со силна иницијатива и успеаја да направат комплетен пресврт на резултатот за славје од високи 2:6.

Општина Конче уште еднаш потврдува зошто е општина на спортот, продолжувањето на традиционалниот турнир, вложувањето на општината и градоначалникот Златко Ристов, вроди со плод не само со овој турнирот во мал фудбал, туку и со активен боречки клуб, а наскоро и ракометен клуб. Покрај активностите на клубовите, локалната самоуправа е посветена и на темелен развој на спортската инфраструктура во општината.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, а турнирот е под покровителство на општина Конче, градоначалникот Златко Ристов и советот на општина Конче.

На отварањето на турнирот присуствуваше и Александар Ванев, со што Спортска Мрежа и годинава преку детални извештаи, видеа и фотографии ќе ја носи атмосферата од секоја натпреварувачка вечер, а Ванев имаше можност да се обрати на отварањето на турнирот, да им посака успех на сите екипи, но притоа да го истакне и значењето на општина Конче која го дава кон спортот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!