Новаци во новата сезона од Втората лига ќе биде предводен од младиот стратег Иван Варадиновски.
Веднаш по промоцијата Варадиновски ја имаше првата ексклузивна изјава за Спортска Мрежа како сега веќе нов стратег на тимот од битолско.
37-годишниот стратег истакна дека му бил претставен амбициозен и сериозен проект и верува дека ќе имаат успешна сезона.
„Ми беше претставен амбициозен и сериозен проект и верувам дека заеднички ќе направиме многу позитивни нешта. Клубот расте на секој план во последните неколку години. Можам да ветам дека максимално ќе се вложам за да ја оправдам дадената доверба и се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, рече Варадиновски во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.
Варадиновски за Спортска Мрежа истакна дека стартот на летните подготовки ќе биде на 8 јули.