Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Сподели
Сподели



Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и официјално двете страни пуштија рака за соработка за сезона 2026/2027.

Новаци има амбициозен проект со план за напредок и развој, а во целата приказна се вклопува Варадиновски, кој зад себе остави одлични резултати во своите клубови кои во минатото ги водеше.

Варадиновски беше тренер на Кожуф, со кој клуб ја оствари целта – опстанок во Втора лига, претходно го водеше Детонит Плачковица и важеше за тренер кој немаше пораз на домашен терен, а не прими ниту гол, во сезона кога заврши на третото место во Втора лига со радовишкиот тим и играше историски бараж за Прва лига против скопски Вардар.

Претходно, 37-годишниот стратег ги водеше Каменица Саса и Кит Го од Пехчево.

„Ми беше претставен амбициозен и сериозен проект и верувам дека заеднички ќе направиме многу позитивни нешта. Клубот расте на секој план во последните неколку години. Можам да ветам дека максимално ќе се вложам за да ја оправдам дадената доверба и се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, рече Варадиновски во ексклузивна изјава за Спортска Мрежа.

Според информациите на Спортска Мрежа, Варадиновски прозивката ќе ја има на 8 јули, а веќе се утврдуваат и пријателските натпревари за проверка на формата.

Минатата сезона Новаци заврши на седмото место, а годинава ќе цели кон висок пласман и сигурно е дека ќе се „вмеша“ во местата за Прва лига.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој на стартот понуди четири атрактивни натпревари со многу погодоци. Првиот меч...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Наташа Андонова има нов клуб – кариерата ја продолжува во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓе Стојчев е нов шеф на стручниот штаб на АП Брера Струмица

Второлигашот  АП Брера Струмица го назначи Ѓорѓе Стојчев за нов шеф на...

ИнтернационалциФудбал

Голем чекор во кариерата на Емили Митковска: Македонската голгетерка потпиша за St. Mihály

Една од најталентираните македонски напаѓачки, Емили Митковска, кариерата ја продолжува во Унгарија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!