Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе се натпреваруваат во Регион 5 на Трета лига?

Сподели
ФОТО: Напредок Ношпал - Могила
Сподели

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига ќе биде во еден поинаков формат од претходно, наместо досегашните пет региони – Исток, Запад, Југозапад, Север и Југ ќе има уште еден регион за вкупно шест.

Засега во еден регион се потврдени екипите кои ќе се натпреваруваат во сезона 2026/2027, тоа е Регион 5 или Трета лига – Југозапад од минатата сезона.

Дури 14 екипи ќе бидат дел од оваа натпреварување со неколку дебитанти.

Од ОФС Битола доаѓаат најмногу екипи тоа се Крошу Спорт, Баир Спорт, Напредок од Ношпал, Кравари и Могила, од ОФС Кичево ќе бидат Напредок и Влазрими Ј, од ОФС Струга ќе бидат екипите на Караорман и Влазними, од ОФС Охрид ќе бидат екипите на Света Троица, Славеј од Мешеишта и Чардак, ОФС Демир Хисар ќе има еден тим тоа е ФК Демир Хисар, а од ОФС Ресен ќе биде ланскиот второлигаш Преспа.

Дебитанти ќе бидат Крошу Спорт, Баир Спорт и Чардак од Охрид.

Инаку, во овој регион има мали измени Кичево е префрлен во Регион 5, а од Регион 5 во регион 6 е префрлен Дебар, односно Напредок и Влазрими Ј од Кичево ќе се натпреваруваат во регион 5 или Трета лига – Југозапад, а до лани беа во Трета лига – Запад, а пак Кораб од Дебар кој до лани беше во Трета лига – Југозапад или Регион 5 од следната сезона ќе оди во Регион 6 односно тоа е ланската Трета лига – Запад.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!