Турнири

Стартува турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ – четири натпревари нуди првата вечер

Сподели
Сподели



Вечерва стартува турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ со првите натпревари со кои ќе биде отворена вечерва.

Малата рурална општина позната по езерото Мантово, но и производството на тутун ќе ужива во возбудливи натпревари секоја вечер до големиот празник Петровден.

Честа да се отвори турнирот ќе ја имаат екипите на Фурна Марфи и Интерпласт, меч кој ќе стартува во 19 часот, еден час подоцна Фурна Марфи ќе игра против Млади Таленти.

Од 21 часот ќе следува мечот меѓу Липовиќ и Парналија, а пак од 22 часот Парналија ќе игра против Перо и Тајфата.

„Ве покануваме и ве очекуваме на добар фудбал, дружба, забава и ладно пиво – заедно да навиваме. Од утре и официјално започнува турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, ги повикуваме сите екипи на фер-плеј, а публиката на коректно навивање. Со среќа на сите екипи, нека победи најдобриот – Конче во следните денови ќе пулсира во знакот на малиот фудбал“, велат организаторите на турнирот.

Спортска Мрежа и годинава медиумски ќе го поддржи турнирот, секоја вечер ќе имате можност да читате детални извештаи за натпреварите со фотографии и видеа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!