Втора лигаФудбал

Мартин Алаѓозовски е нов тренер на ФК Беласица

Сподели
ФОТО: ФК Беласица
Сподели

Второлигашот Беласица го назначи Мартин Алаѓозовски за нов шеф на стручниот штаб на сениорската екипа.

Алаѓозовски важи за еден од најперспективните млади тренери во македонскиот фудбал. Својата тренерска кариера ја градеше во младинските категории на АП Брера Струмица, каде што постигна значајни резултати, освојувајќи повеќе шампионски титули и Куп-трофеи со младинските селекции на клубот.

Минатата сезона го направи и својот дебитантски чекор во сениорскиот фудбал, откако беше назначен за шеф на стручниот штаб на Брера Струмица во Првата македонска фудбалска лига. Со тоа стекна драгоцено искуство во работата со прволигашка екипа и во водењето натпревари на највисоко домашно ниво.

Покрај клупските обврски, Алаѓозовски е активно вклучен и во работата на младинските репрезентации на Македонија, каде што ја извршува функцијата помошен тренер.

Во досегашната кариера изгради репутација на тренер кој успешно ги развива младите таленти и преферира динамичен и офанзивен фудбал.

Со неговото доаѓање, Беласица добива амбициозен стратег кој ќе има задача да го продолжи развојот на клубот и да изгради конкурентен тим за претстојните предизвици.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!