Турнири

Неочекувано повлекување на „Компанија Атанасовски“: Денеска нема натпревари на турнирот „Петровден“ во Мешеишта

Сподели
Сподели

Организаторот на 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта информираше дека екипата на „Компанија Атанасовски“ се повлекла од понатамошното натпреварување.

Според информациите од организаторот, екипата поради непланирани обврски донела одлука пријателски да го напушти турнирот. Од организацискиот одбор им посакаа многу успех и изразија надеж дека следната година повторно ќе бидат дел од турнирот во Мешеишта.

Бидејќи „Компанија Атанасовски“ требаше денес да ги одигра своите натпревари, согласно пропозициите на турнирот, сите средби ќе бидат регистрирани со службен резултат во корист на противничките екипи.

Поради новонастанатата ситуација, организаторот донесе одлука денешниот ден да биде слободен, односно нема да се играат натпревари на турнирот.

„Искористете ја оваа слободна вечер за мал одмор, а веќе од утре продолжуваме со истото силно темпо и одличен мал фудбал“, порачуваат организаторите.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Турнири

Екипи од четири држави доаѓаат на Ohrid Winter Cup 2026, пријавувањето продолжува интересот ОГРОМЕН, услови одлични!

Голем број екипи од Македонија веќе пријавија учество на меѓународниот детски фудбалски...

Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!