Младински фудбалФудбал

Младите таленти на Овче Поле ќе тренираат според методологијата на Реал Мадрид

Сподели
Сподели

Тројца млади фудбалери од генерацијата 2015 на ФК Овче Поле од Свети Николе ќе имаат можност да бидат дел од престижниот Реал Мадрид Камп, кој ќе се одржи во Краљево, Србија, во периодот од 29 јуни до 3 јули.

Тино Николов, Јоаким Колев и Благојче Гроздевски ќе бидат дел од кампот наменет за деца на возраст од 6 до 17 години, каде што ќе имаат можност да тренираат според методологијата на еден од најголемите светски клубови.

Од ФК Овче Поле не ја кријат гордоста што нивните млади таленти ќе учествуваат на овој реномиран камп, кој покрај фудбалските вештини промовира и вистински спортски вредности како пријателството, дисциплината, посветеноста и тимскиот дух.

Во рамките на кампот, учесниците ќе тренираат под водство на официјални тренери од академијата на Реал Мадрид, а секојдневно ќе имаат тренинзи во времетраење од еден час и 45 минути во текот на пет дена. Секој учесник ќе добие и официјална опрема со обележјата на Фондацијата Реал Мадрид (RMF), како и официјална диплома од клубот.

Ова признание за младите фудбалери на Овче Поле доаѓа по одличните настапи на генерацијата 2015, која неодамна го освои првото место на меѓународниот турнир „Охрид Куп“, одржан од 18 до 21 јуни во градот покрај Охридското Езеро.

Учеството на тројцата млади фудбалери на Реал Мадрид Камп претставува уште една потврда за квалитетната работа во ФК Овче Поле и одлична можност за дополнителен развој и стекнување нови искуства на меѓународно ниво.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!