Трета лигаФудбал

Познато како ќе изгледаат шесте региони во Трета лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Спортска Мрежа ексклузивно дознава како ќе изгледаат шест региони во Третата македонска фудбалска лига.

Од следната сезона се воведува шести регион во Трета лига, односно еден повеќе во однос на ланската сезона кога беа пет региони.

Според тоа беа направени корекции во веќе постоечките региони.

Регионална Трета фудбалска лига 1 ќе биде на територија на општините Аеродром, Арачиново, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Илинден, Зелениково, Петровец, Сопиште, Студеничани, Сарај, Центар, Чаир, Чучер Сандево и Шуто Оризари.

Регионална Трета фудбалска лига 2 ќе гравитира на територија на Брвеница, Боговиње, Врапчиште, Дебар, Јегуновце, Желино, Маврово-Ростуше, Теарце, Тетово и Центар Жупа.



Регионална Трета фудбалска лига 3 ќе биде на територија на општина Битола, Вевчани, Дебрца, Демир Хисар, Кичево, Македонски Брод, Могила, Новаци, Пласница, Охрид, Ресен и Струга.

Регионална Трета фудбалска лига 4 ќе биде на териториите на општините Велес, Градско, Демир Капија, Долнени, Кавадарци, Кривогаштани, Крушево, Неготино, Прилеп, Росоман и Чашка.



Најголем регион ќе има Регионалната Трета фудбалска лига 4 која ќе се протега на териториите на општините Берово, Богданци, Босилово, Василево, Валандово, Виница, Гевгелија, Делчево, Дојран, Зрновци, Карбинци, Кочани, Карбинци, Конче, Македонска Каменица, Ново Село, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Струмица, Чешиново-Облешево и Штип.

Регионалната Трета фудбалска лига 6 ќе биде на територија на општините Куманово, Кратово, Крива Паланка, Липково, Лозово, Ранковце, Свети Николе и Старо Нагоричане.

Дебар кој територијално припаѓаше во Трета лига – Југозапад во минатата сезона, сега ќе биде дел од Трета лига – Запад, а пак Кичево од западниот регион ќе оди во Југозападниот регион.

Свети Николе од Источниот регион ќе оди во Северниот регион. Најголем регион ќе биде Источниот, а најмал северниот.



Шампионите на овие шест региони ќе играат бараж меѓусебно, а победниците ќе бидат нови членови на Втора лига. Од второлигашката конкуренција ќе испаднат последните три екипи директно во Регионалните Трети лиги.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФОТО: Детска недела со Брера: Околу 100 дечиња уживаа во спортска дружба во Струмица

По повод Детската недела, ФК АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираа прекрасен спортски настан посветен на најмладите, на кој учествуваа околу...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната круна, подготвува голема трансфер „бомба“ за новата сезона 2026/2027, која ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!