Ракомет

Познат датумот за Супер Купот: Охрид ќе се бори за првиот трофеј во новата сезона

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на Охрид на почетокот од септември ќе имаат можност да се борат за ново одличје, откако беше потврден терминот за натпреварот од Супер Купот на Македонија.

Првиот трофеј во новата сезона ќе се доделува на 3 септември, а противник на охриѓани ќе биде актуелниот шампион Вардар. Информацијата ја соопштија од охридскиот клуб, додека дополнителни детали околу домаќинот на средбата и продажбата на билетите ќе бидат објавени во наредниот период.

Иако Вардар минатата сезона ја освои двојната круна во македонскиот ракомет, местото во Супер Купот му припадна на Охрид како финалист во Купот на Македонија. Така, охридскиот тим ќе добие уште една можност да се надигрува за трофеј и да продолжи да ја испишува својата успешна клупска приказна.

За Охрид ова ќе биде уште еден историски предизвик и шанса сезоната да ја отвори со важен и историски меч и можен нов успех.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!