Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, второлигашот Беласица ќе има нов тренер, откако шефот на стручниот штаб Панче Стојанов и струмичката фудбалската гордност не се договорија за продолжување на соработката.
Стојанов на тренерското столче пристигна од редовите на екс прволигашот Брера Струмица, а минатата сезона Беласица заврши на петтата позиција во Втората лига.
50-годишниот стратег сега е слободен да ја бара нова средина за продолжување на соработката за во иднина.
Стојанов за Спортска Мрежа потврди дека не се договорил за продолжува на соработката со Беласица, а тоа ќе значи дека струмичанецот ќе тргнува по нов предизвик во тренерската кариера.