РакометРакометна репрезентација

Ивановски и Узунчев не беа доволни за бронза во Плоцк

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели

Македонската машка репрезентација во ракомет на плажа настапот на турнирот од Светската турнеја во Плоцк го заврши на четвртата позиција.

Нашите репрезентативци не успеаја да стигнат до медал, откако во натпреварот за третото место беа совладани од селекцијата на Чешка со 2-0 во сетови.

Чешките ракометари подобро го отворија дуелот и првиот сет го добија со 26-20. Во продолжението Македонија не успеа да најде ритам, па противникот беше уште поубедлив и со 22-13 го завери триумфот и бронзениот медал.

Најефикасни во македонскиот табор беа Мартин Ивановски, кој постигна 16 поени, и Тодор Узунчев со десет.

И покрај поразот во мечот за бронза, македонската селекција остави солиден впечаток на турнирот во Плоцк и се враќа дома со освоено четврто место на едно од најсилните натпреварувања од Светската турнеја.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сребро за Ведрана Тунески, македонското таеквондо има нова голема надеж!

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески од ТК Бутел оствари одличен резултат на Европското Гранд При (Е6), освојувајќи го сребрениот медал во кадетска конкуренција до...

Прва лигаФудбал

Алити: Ќе се бориме за секоја топка и ќе го дадеме максимумот

Денес ќе се одигра последниот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кој на Градскиот стадион во Гостивар, Арсими ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид броеше до 42 против Мулти Есенс за петта суперлигашка победа!

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи во домашното првенство. Актуелниот освојувач на...

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!