Останато

Александар Грујиќ и Селим Кемал Јилдиз ја освоија титулата на Поинтер Опен 2026

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тениска двојка составена од Александар Грујиќ и Селим Кемал Јилдиз го освои трофејот на турнирот Поинтер Опен 2026 за тенисери и тенисерки до 16 години. Во финалниот меч тие славеа против Тим Максимилијан Фрајсе од САД и Вукашин Павловиќ од Србија по голем пресврт и неизвесна борба.

Противниците подобро го отворија натпреварот и го добија првиот сет со 6:2. Сепак, македонската комбинација возврати во вториот сет, кој го реши во тај-брејк со 7:6 (7:5), а потоа беше поуспешна и во решавачкиот шампионски тај-брејк, славејќи со 10:7.

Во машка сингл конкуренција победник беше Патрик Стефан Добрин од Романија, кој во финалето со 2-0 во сетови (6:2, 6:3) го совлада Максимилијан Хајцик од Германија. Од македонските претставници, Андреј Темов стигна до полуфиналето, додека Александар Грујиќ го заврши настапот во четвртфиналето.

Кај девојчињата, титулата во сингл ја освои Хариклеа Зина од Грција, која во финалето беше подобра од Зара Минева од Бугарија со 2-0 во сетови (6:4, 6:1). Зина имаше успешен настап и во двојки, каде заедно со сонародничката Христина Цевелеку стигна до уште еден трофеј.

Од македонските тенисерки, Лина Николовска обезбеди пласман во четвртфиналето, а заедно со Анастасија Арсовска настапи и во полуфиналето на турнирот во двојки.

Поинтер Опен 2026 беше турнир од категорија 3, а дел од учесниците веќе следната недела ќе настапат на уште еден турнир од истата возрасна категорија, кој ќе се одржи во Кавадарци на терените на ТК Црна Река.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Стојанов е висок 185 сантиметри, а во изминатите...

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!