Останати репрезентацииРепрезентација

Шевченко: Играчите покажаа што значи да се игра за државата

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тениска репрезентација обезбеди промоција во Втората Светска група на Дејвис купот, откако во решавачкиот натпревар за третото место ја совлада Црна Гора со 2-1.

По успешниот настап во групната фаза, каде Македонија ги победи Косово со 3-0 и Грузија со 2-1, а беше поразена од домаќинот Молдавија со 1-2, нашата селекција го освои второто место во групата и доби можност преку дополнителен дуел да се избори за пласман погоре.

Во клучниот натпревар против Црна Гора, првиот поен за Македонија го донесе Калин Ивановски со победата над Срѓан Кнежевиќ. Решавачкиот поен беше освоен во играта на двојки, каде Калин Ивановски и Олег Приходко беа подобри од Петар Јовановиќ и Андреа Кривокапиќ.

Со овој успех, Македонија го заврши настапот во Третата Европска група на третото место, веднаш зад Молдавија и Летонија, и обезбеди враќање во Втората Светска група на Дејвис купот.

  Мислам дека имавме многу добар тим оваа година. Лани исто така успеавме да имаме „промоција“, но се вративме во Третата Европска група (по поразот од Кипар) и сега повторно имаме „промоција“ пласман во Втората Светска група – одиме чекор нагоре. Првиот ден немавме среќа (против Молдавија), имавме неколку повреди и како минуваше неделата беше подобро и на крајот се што работевме даде резултат и играчите покажаа што значи како да се игра за државата, изјави селекторот на македонскиот тим Горан Шевченко.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Три бода за Цетинска, Дрита убедлива над Љуботен, три бода за Гостивар

Цетинска на домашен терен однесе сигурна победа од 3:1 над Лирија во меч од 7. коло на Трета лига регион 6. За победникот...

Трета лигаФудбал

Влазерими со три бода, Караорман и Кравари забележаа домашни победи

Влазерими од Кичево со триумф над Напредок од Ношпал со резултат од 2:3 во дуел од 6. коло на Трета лига регион 5....

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев е новиот светски шампион во карате!

Македонското карате доби нов светски шампион! Марко Џорлев се искачи на највисокото...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!