Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија избори пласман во Втората Светска група на Дејвис купот

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тениска репрезентација обезбеди промоција во Втората Светска група откако денеска во Кишињев, во натпреварот за третото место, ја совлада селекцијата на Црна Гора со 2-1.

Одлучувачкиот поен за Македонија го донесе двојката составена од Калин Ивановски и Олег Приходко, кои во мечот на двојки славеа против Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (7:6(4), 6:2).

Во првиот сет двата тандема беа сигурни на свој сервис, па победникот беше решен во тај-брејк. Македонските тенисери направија клучен мини-брејк и поведоа со 3:1, а стекнатата предност ја зачуваа до крајот за освојување на сетот со 7:4 на поени. Во вториот сет Ивановски и Приходко рано направија брејк, а со уште еден во осмиот гем ја потврдија победата и успешниот настап на турнирот во Молдавија.

Претходно, во првиот сингл натпревар, Калин Ивановски беше подобар од Срѓан Кнежевиќ со 2-0 во сетови (6:2, 6:4), додека Олег Приходко беше поразен од Петар Јовановиќ со 2-0 (6:4, 7:5).

Ова беше седми меѓусебен дуел меѓу Македонија и Црна Гора во Дејвис купот, а македонската репрезентација сега води со 4-3 во вкупниот биланс.

Во борбата за првото место, Молдавија ја совлада Летонија со 2-0. Во останатите натпревари за пласман, Грузија беше подобра од Азербејџан со 2-0, додека Република Ирска го победи Косово со идентични 2-0.

Покрај Македонија, пласман во Втората Светска група обезбедија и Молдавија и Летонија. Во Третата Европска група остануваат Црна Гора, Грузија и Република Ирска, додека Косово и Азербејџан се селат во Четвртата Европска група.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто...

РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Успешно ЕП до 16 години, Македонија доби високи оценки од FIBA Europe!

Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јован Шапе: Засега подготовките течат одлично

По десетдневниот период посветен на интензивна физичка подготовка, машката репрезентација на Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!