Ракомет

Младост продолжува да се засилува: Славе Јанковски ново име во суперлигашкиот проект на Богданци

Сподели
Сподели

Повратникот во македонската Супер лига, РК Младост 1977 од Богданци, продолжува со екипирањето за новата сезона и го промовираше своето трето засилување во летниот преоден рок.

Нов член на тимот е 26-годишниот Славе Јанковски од Струмица, ракометар кој настапува на позицијата лево крило и зад себе има богато искуство од настапите во македонската Супер лига.

Од клубот истакнуваат дека Јанковски доаѓа во Богданци подготвен да помогне во остварувањето на амбициозните цели на Младост во елитното ракометно друштво. Со своите 192 сантиметри висина, брзина, борбеност и искуство, тој треба да претставува значајно засилување на крилната позиција.

Во таборот на Младост веруваат дека новото засилување ќе донесе дополнителен квалитет и стабилност во составот, особено поради искуството стекнато во суперлигашката конкуренција и способноста да одговори на натпревари со висок интензитет.

„Со огромно задоволство ви го претставуваме нашето трето засилување за новата суперлигашка сезона – Славе Јанковски, 26 години од Струмица, ракометар кој настапува на позицијата лево крило и зад себе има богато суперлигашко искуство. Јанковски во својата кариера ги бранеше боите на повеќе суперлигашки екипи, а сега доаѓа во Богданци подготвен да даде сè од себе за новите успеси на нашиот клуб. Заедно кон нови победи и нови предизвици во македонската Суперлига“, велат од клубот.

Младост минатата сезона избори враќање во Супер лигата, откако успешно ја заврши мисијата во Првата лига и преку баражот обезбеди место меѓу најдобрите македонски ракометни клубови.

Во Богданци очигледно не сакаат само опстанок, туку создавање конкурентен тим кој ќе може достојно да се носи со суперлигашките предизвици уште во првата сезона по враќањето во елитата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!