Кошарка

Петар Денковски дел од годишната Клиника за европски ФИБА инструктори во Самоков

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Нашиот национален ФИБА инструктор, Петар Денковски, учествуваше на годишната Клиника за европски ФИБА инструктори (АНИК), која годинава се одржа во Самоков, Бугарија.

На престижниот едукативен собир присуствуваа околу 40 национални инструктори од повеќе европски земји, кои имаа можност да разменат искуства, да ги анализираат актуелните трендови во судењето и да дискутираат за унапредување на судиските стандарди во европската кошарка.

Во текот на клиниката беа обработени голем број теми поврзани со судењето, меѓу кои и неспортската грешка, ситуациите на блокирање и пробивање, заштитата на шутерот, како и носењето одлуки во клучните моменти од натпреварите. Преку детални видео-анализи и практични работилници, учесниците ги разгледаа најчестите предизвици со кои се соочуваат судиите на највисоко ниво.

„Беше направена анализа на позитивните аспекти, но и на сегментите каде што постои простор за напредок. Посебен акцент беше ставен на начинот на кој новите насоки и стекнатото знаење ќе се пренесат до судиите на национално ниво. Главната порака беше ‘учи го учителот’, односно континуирано усовршување и професионален развој“, изјави Денковски.

Покрај судиските теми, дел од програмата беше посветен и на тактичките аспекти на играта. Асистент-тренерот на италијанската репрезентација одржа предавање за современите принципи во нападот и одбраната, со цел судиите подобро да ги разберат намерите и реакциите на играчите и тренерите во различни натпреварувачки ситуации.

ФОТО: КФМ

Клиниката вклучуваше и фитнес активности и тренинзи, со што дополнително беше нагласена важноста на физичката подготвеност на судиите и инструкторите.

„Организацијата беше на исклучително високо ниво, а предавањата и дискусиите донесоа многу корисни сознанија. Ваквите настани имаат огромно значење за развојот на судењето и за имплементацијата на најновите стандарди во кошарката“, додаде Денковски.

Учеството на македонскиот ФИБА инструктор на овој меѓународен собир претставува уште една потврда за активното присуство на Македонија во европските кошаркарски текови и за посветеноста кон континуираниот развој и едукација на судискиот кадар.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ...

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од...

Кошарка

Крива Паланка одбраната на титулата ја започнува против Вардар, Гевгелија домаќин на Патриот

Викендот започнува новата сезона во Првата женска кошаркарска лига со мечевите од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!