Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија сигурна против Косово, Ивановски и Приходко ја донесоа првата победа на Дејвис купот

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тениска репрезентација ја забележа првата победа на турнирот од Третата Европска група во Дејвис купот, откако по сингл мечевите обезбеди недостижна предност од 2-0 против Косово.

Првиот поен за Македонија го донесе Калин Ивановски, кој во меч што беше накратко прекинат поради дожд го совлада Дони Гаши со 2-0 во сетови (7-5, 6-4). За Ивановски ова беше втора победа на турнирот, откако вчера го освои единствениот македонски поен во дуелот против Молдавија.

Во вториот сингл настап, Олег Приходко одигра доминантно против Јасин Јакупи и славеше со убедливи 2-0 (6-1, 6-1), препуштајќи му на противникот само два гема. Овој настап е дополнителен мотив за македонскиот тим, особено по здравствените проблеми и грчевите со кои Приходко се соочи во вчерашниот натпревар.

До крајот на дуелот останува да се одигра мечот во двојки, каде што за Македонија се пријавени Ивановски и Приходко, додека за Косово треба да настапат Гранит Бајралиу и Салидин Рама. Селекторот Горан Шевченко сепак има можност да направи измени во составот.

Во другиот натпревар од групата, Молдавија обезбеди победа од 2-0 против Грузија и со тоа го потврди првото место во групата, како и пласманот во Втората Светска група. Македонија утре ќе се соочи со Грузија во директна пресметка за второто место.

Во групата А, Летонија поведе со 2-0 против Црна Гора, додека Република Ирска со ист резултат го совлада Азербејџан.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!