Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Савовски: Целта против Исланд е победа, против Грција ќе бараме шанса

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва патува за Атина, каде викендов ќе ги одигра натпреварите од вториот турнир во рамките на Европската лига 2026.

Селекторот Јошко Миленкоски нема да прави промени во составот, па истите 14 одбојкари кои настапија на воведниот турнир ќе бидат во комбинација и за претстојните дуели против домаќинот Грција и селекцијата на Исланд.

Средниот блокер Филип Савовски ќе има посебен мотив на овие натпревари, со оглед на тоа што зад себе има одлична сезона во грчкото првенство. Македонскиот репрезентативец настапуваше за Панатинаикос, со кој стигна до двојната круна во Грција, освојувајќи ги шампионската титула и националниот куп.

Покрај Савовски, дел од грчката одбојкарска сцена добро ја познаваат и неколку други македонски репрезентативци, што би можело да биде дополнителна предност за нашиот национален тим во пресрет на дуелот со Грција.

„По солидното отворање на Европската лига против Холандија и Луксембург во Струмица сега фокусот е на вториот турнир во Атина. Имав одлична сезона во грчкото првенство со Панатинаикос, а сега се враќам таму со националниот тим. Грција како ривал добро ја познаваме, се соочивме со неа и во минатогодишното издание, како и во европските квалификации. Го имаат задржано истиот тим, кој е особено квалитетен, но верувам и во нашите можности. Како екипа можеме да играме со секој противник доколку сме на висината на задачата. Мислам дека многу работи ќе зависат од нас во Атина, од нашето издание и од тоа што ние ќе покажеме и на двата натпревари. Против Грција сигурно нема да бидеме фаворити, а тоа ни оди во полза. Што се однесува до Исланд, тие се екипа од послаб ранг, ги анализираме, а ќе имаме и можност да го гледаме нивниот натпревар со Грција, по што сигурен сум дека во договор со стручниот штаб ќе поставиме тактика со која ќе успееме да си ја реализираме посакуваната цел – победа. Се надевам дека вториот турнир ќе биде поуспешен за нас“, вели Филип Савовски.

Македонската делегација утре, рано наутро треба да пристигне во Атина, додека утре попладне ќе го одработи првиот официјален тренинг.

Првиот натпревар нашите одбојкари ќе го играат во сабота, со почеток од 19 часот, против Исланд, додека во недела, во истиот термин ќе се соочат со селекцијата на  Грција.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!