Трета лигаФудбалЧетврта лига

Градоначалникот Божинов со поддршка за шампионот Огражден: По 50 години фудбалот во Ново Село повторно е на врвот

Сподели
Сподели



Градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари средба со фудбалерите, стручниот штаб и управата на ФК Огражден, откако клубот ја освои шампионската титула во Општинската фудбалска лига – Струмица и обезбеди пласман во Третата лига – Исток за сезоната 2026/2027.

На средбата се разговарало за успешната сезона на клубот, но и за идните планови и развојот на фудбалската инфраструктура во Ново Село. Божинов ја истакна својата поддршка за екипата која по долг период повторно донесе шампионска радост во општината.

„Остварив средба со Шампионите на општинската фудбалска лига 2025/2026, ФК Огражден од Ново Село. Голема е радоста што после 50 години повторно се враќа фудбалот во Ново Село на шампионска трака. Изразив силна поддршка на фудбалерите на ФК Огражден и разговаравме за идните планови и инвестиции на стадионот во Ново Село. Спортот и младите се наш фокус веќе петта година“, вели градоначалникот Божинов.

ФК Огражден зад себе има одлична сезона во која доминираше во Општинската фудбалска лига. Тимот првенството го заврши на првото место со освоени 31 бод, забележувајќи девет победи, четири нерешени резултати и само еден пораз.

Со освоената шампионска титула, клубот од Ново Село обезбеди место во Третата лига – Исток, каде следната сезона ќе има можност да ги потврди своите амбиции и да продолжи со успешните настапи.

Шампионската сезона на Огражден донесе голема радост кај љубителите на фудбалот во Ново Село, а поддршката од локалната самоуправа и најавените инвестиции во спортската инфраструктура претставуваат дополнителен мотив клубот да продолжи со развојот и во повисок ранг на натпреварување.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!