Прва лигаФудбал

Оливер Богатинов ќе го води Тиквеш: Двегодишен проект со јасна визија за развој и успех

Сподели
Сподели

Прволигашот Тиквеш официјално го промовираше Оливер Богатинов за нов шеф на стручниот штаб, откако двете страни постигнаа договор за двегодишна соработка.

Кавадаречкиот прволигаш со овој потег испраќа јасна порака за своите амбиции во периодот што следува. Во клубот веруваат дека искуството, професионалниот пристап и богатата кариера на Богатинов ќе претставуваат значајно засилување во остварувањето на зацртаните цели.

Од Тиквеш нагласуваат дека ангажманот на словенечкиот стратег не е решение за краток период, туку дел од долгорочна стратегија насочена кон развој на млади фудбалери, негување модерен стил на игра и создавање стабилен и препознатлив клуб кој во иднина ќе биде конкурентен и на европската сцена.

„Со големо задоволство му посакуваме Добредојде на Оливер Богатинов во ГФК Тиквеш 1930. Постигнавме договор за двегодишна соработка со тренер чие искуство, професионален пристап и кариера изградена во високо конкурентни фудбалски средини претставуваат значајно засилување за нашиот клуб. Ова не е одлука донесена за краткорочен успех, туку чекор кој целосно се вклопува во нашата долгорочна визија: развој на млади играчи, модерен фудбал и создавање стабилен и препознатлив клуб на европската сцена. Веруваме дека заедно започнуваме ново поглавје исполнето со амбиција, развој и напредок. Неговото назначување е јасен показател за амбициите и стандардите што ГФК Тиквеш 1930 ги поставува за својата иднина“, велат од кавадаречкиот прволигаш.

Богатинов зад себе има богато меѓународно искуство и работеше во повеќе познати словенечки клубови како Копер, Радомље, Алуминиј и Мура, а во Кавадарци пристигнува од редовите на Горица.

Со ангажманот на искусниот стратег, Тиквеш отвора ново поглавје во својата историја, со надеж дека токму Богатинов ќе биде човекот кој ќе ги реализира амбициозните планови на клубот во наредните сезони.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен над Детонит Плачковица со резултат од 3:1, извештајот на Спортска Мрежа...

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!