Трета лигаФудбалЧетврта лига

Шампионот Огражден од Ново Село го промовираше Мартин Ѓорѓиевски како прво летно засилување

Сподели
Сподели



Екипата на Огражден од Ново Село, која минатата сезона ја освои титулата во Општинската фудбалска лига (ОФЛ) Струмица и обезбеди пласман во Трета лига – Исток, го промовираше своето прво засилување за новата сезона.

Новиот член на шампионскиот состав е 28-годишниот Мартин Ѓорѓиевски, фудбалер кој може да одговори на повеќе дефанзивни позиции, настапувајќи како стопер и бек.

Ѓорѓиевски во сезоната која измина го носеше дресот на Полиспортива Самураи во Италија, а зад себе има и богато искуство на македонските терени. Во својата кариера настапуваше за Напредок од Радово, како и за поранешниот прволигаш Хоризонт Турново.

Со ангажманот на искусниот дефанзивец, Огражден испраќа јасна порака дека сериозно се подготвува за предизвиците кои го очекуваат во Трета лига – Исток.

Клубот од Ново Село минатата сезона стигна до шампионската титула во ОФЛ Струмица, се стекна со право на настап во третолигашката конкуренција. Раководството на клубот веќе започна со екипирање на тимот, а Мартин Ѓорѓиевски е првото име кое ќе го засили составот во пресрет на новата сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Велев го објави списокот на играчи за младинското Европското првенство во Братислава

Македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе ги започне подготовките за настапот на Европското првенство во Дивизијата „Б“ за кошаркари до 20 години, кое ќе...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал го објави поширокиот список на играчи за дуелите со Ирска и Луксембург

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација во понеделник (15 јуни) ќе ги започне подготовките за претстојните натпревари од претквалификациите за пласман во квалификациите за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Како ќе изгледа Втората лига до сезона 2028/2029 ?

Втората македонска фудбалска лига од следната сезона ќе биде со 14 екипи,...

Прва лигаФудбал

Голманот – херој Антонио Столевски и Николче Шаркоски продолжуваат со Шкендија Арачиново

Голманот – херој Антонио Столевски и Николче Шаркоски верни на Шкендија Арачиново,...

ФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов останува во шампионот Проект

КМФ Проект продолжува да го задржува шампионското јадро по историската сезона во...

Втора лигаФудбал

Струмичко дерби во 8. коло, дербито на Истокот во 3. коло

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 15 август...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!